Портис се извини на соиграчите поради пресметката со Миротиќ!

Пред некој ден во караница на тренингот на Чикаго Булс, Боби Портис се најде во физичка пресметка со Никола Миротиќ.

После ударот, Миротиќ доби потрес на мозокот и ќе го нема на терените најмалку еден месец.

На Портис му е изречена казна од 8 натпревари неиграње за тимот, а тој се извини на своите соиграчи поради таквата ситуација.

Фред Хоидберг, инаку тренер на Булси не сакаше за медиумите да зборува што и како кажал Портис во знак на извинување, но изјави дека му е драго што тој се вратил и што повторно тренира и дека жали за сите изминати случувања.