Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Со почеток од 18:55 часот се одиграа последните натпревари од групната фаза во Групата Д од Лигата на шампионите.
По средбите помеѓу Галатасарај и Порто, како и Шалке- Локомотив Москва познат е конечниот распоред во оваа група.
Пласман во нокаут фазата во најелитното европско натпреварување обезбедија Порто и Шалке, а вечерва се одлучи кој ќе патува во Европа Лигата.
Вистинска драма видовме во Истанбул каде Порто со 3:2 го совлада Галатасарај, но Галата не се грижеше многу поради поразот затоа што Локомотив беше поразен од Шалке со 1:0, па така Турците се пласираа во второто по ранг натпреварување во Европа.
Група Д:
- Порто 16 бода
- Шалке 04 11
- Галатасрај 4
- Локомотив Москва 3