После несреќата во Колумбија суеверна одлука на раководството на Бока


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поминаа пет дена  откако во Колумбија се руши авион во кој се наоѓаа фудбалерите на Чапекоенсе.

Аргентинскиот клуб, Бока Јуниорс одлучи после несреќата да внесе ново правило кое се однесува на патувањето на нивниот тим и стручниот штаб.

Тие повеќе нема да патуваат со чартер летови, туку ќе користат само комерцијални летови за своите патувања на гостинските натпревари.

„Не ми смета многу што повеќе нема да патуваме со чартер летови. Можеби ќе изгубиме малку време, но ќе се потрудиме да не биде така. Разговаравме во средата вечерта на оваа тема и мислиме дека тоа најмногу ќе му одговара на Бока. Ова е исправна одлука“, изјави Шелото, тренерот на Бока Јуниорс.