Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Бонучи сака да се врати во Торино и тука нема никакви дилеми. Леонардо Бонучи сака да си оди од Милан, а заминувањето во странство не е опција иако постојат понуди од ПСЖ и интерес од Манчестер Јунајтед.
Официјална понуда за ова пристигна и од челниците на Јуве.
„Леонардно сака да се врати и сакаме да му излеземе во пресрет“, изјави вчера генералниот директор на Јувентус, Џузепе Марота.
Тој додаде дека Старата дама работи на реализација на трансферот и потврди што доаѓа во обзир, а што нема да биде ставено на преговарачката маса.
„Преговорите се комплицирани. Го понудивме Гонзало Игуаин, но не добивме позитивен одогвор.Матиа Калдара? Тој не е на продажба.“, порача Марота.
Сега е јасно дека не се работи само за шпекулации. Лео Бонучи сака назад во Јуве, и клубот е спремен да го враги. Останува само дали ќе се најде заеднички јазик помеѓу двата клуба, а тоа нема да биде лесно.