Потврда од Лондон: Во Челси владее огромен хаос!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Челси ќе води неизвесна трка за Лигата на шампиони во Премиерлигата, а УЕФА ги казни поради непочитување на правилата за трансфери и им забрани нови во наредните два преодни рока, а проблем има и околу Еден Азар.

Белгиецот сака да замине од Лондон, а тоа го потврди неколку пати, кога кажа дека сака да соработува со Зинедин Зидан и да го облече дресот на Реал Мадрид.

Доколку екипта на Маурицио Сари не обезбеди пласман во Лигата на шампиони ниту сезонава, тоа само ќе ги забрза работите.

Тоа од што се плашат навивачите е казната поради која не можат да најдат соодветни замени доколку Белгиецот замине, а неговиот договор завршува во 2020 година, па клубот ризикува да го пушти бесплатно.

Слично сценарио најави и дефанзивецот Андреас Кристенсен, кој не добива премногу шанса во Лондон.

„На играчите им беше кажано дека клубот не може да се жали на одлуката на УЕФА, па фудбалерите не можат да заминуваат. Се најдов во многу тешка ситуација“, вели дефанзивецот.