Потполна лудница поради Евра


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Искусниот дефанзивец Патрис Евра (36) неодамна доби отказ во Марсеј откако нападна навивач.

Овој сјаен дефанзицев пред мечот од ЛЕ во натпревар против Виторија Гуимареш со нога во глава удари навивач на својот тим и тоа беше последно што направи во дресот на францускиот великан.

Набрзо Евра доби отказ, но овој 36 годишен лев бек и покрај годините има намера уште да игра.

Тоа го потврди и неговиот агент, Федерико Пасторело кој тврди дека голем број на клубови го бараат Евра.

„Патрис знае деак погреши, но неговата кариера не смее да завшри на ваков начин. Иако има 36 години, тој моментално е физички најспремен, дури повеќе и од пред пет или шест години. Веќе ме контактираа неколку клубови што сакаат да го видат во своите редови“, изјави Пасторело.

Евра во текот на кариерата играше за Ница, Монако, Манчестер Јунајтед и Јувентус.