Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Центарот на Сан Антонио, По Гасол (38) има намера да игра на Светското првенство во Кина.
Искусниот 38 годишниот кошаркар, кој во кариерата освои буквално се, одлучи да настапи во Кина оваа година, а тоа јасно го потврди.
„Ако бидам здрав, цел ми е да играм за репрезентацијата на Светското првенство. Сакам да одиграм добар турнир и да осигурам карта за Олимписките игри, а на тој начин да ги продолжам големите резултати во националниот тим“- рече Гасол.
Легендата на шпанската кошарка во јули полни 39 години.
Во досегашниот дел од сезоната Гасол просечно игра по 14 минути по натпревар и постигнува нешто повеќе од четири поени.
Светското првенство во Кина се игра од 31 август до 15 септември.