МакГрегор најави што сака по УФЦ: Уште една борба и слободен сум!

Конор Мекгрегор повторно ја „раздрма“ ММА јавноста. Поранешниот УФЦ шампион најави дека по истекот на договорот со најсилната светска ММА организација го привлекува премин во bare knuckle бокс, односно борби без ракавици.

Ирската ѕвезда објави порака со која јасно покажа дека се радува на новото поглавје во кариерата. „Уште една борба. Едвај чекам bare knuckle. Уште една борба и Мак Деди е слободен“, рече МекГрегор.

МекГрегор според актуелниот договор има уште една борба во УФЦ, по што би можел да стане слободен борец. Токму затоа последните месеци сѐ повеќе говори за можноста за настапи во Bare Knuckle Fighting Championship, организација на која е и еден од ко-сопствениците.