„По 6 години, сега почнувам да разбирам“


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Данило Петручи кажа дека по 6 години почнува да го сфаќа Мото ГП.

Петручи на минатата трка заврши на 8-мо мест, 2.7 секунди зад Довициозо и Лоренцо.

„Беше многу добро, мислам дека можеме да извлечеме позитивни работи од оваа трка. Мислам дека по 6 години, започнав конечно да го сфаќам Мото ГП.“

„Во Аргентина погрешно избравме гуми. Овој пат донесовме добра одлука. Сакав да бидам најдобар Дукати, но овој пат тоа не се случи.“