Празничното лудило почнува – Љубители на ПЛ спремете се


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Фудбалскиот празник почнува во понеделник, а завршува на 4-ти јануари.

Дури фудбалерите ширум Европа се своите фамилии за време на празниците, фудбалерите кои играат во ПЛ ќе мораат да работат напорно.

За ПЛ нема зимска пауза, а вистинското фудбалско лудило почнува во понеделник.

Тој ден во Велика Британија популарно се вика Боксинг деј.

Секоја година на 26-ти декември се одигрува едно коло во ПЛ.

Овој понеделник на програмата се осум натпревари, од 13:30 играат Вотфорд и Кристал Палас, а од 16 часот има шест натпревари.

Арсенал ќе го пречека ВБА, Мидлзбро му гостува на Барнли, Челси на Стемфорд Бриџ ќе го пречека Борнмут, а шампионот против Евертон. Жозе Мурињо ќе се обиде да ја продолжи низата против Сандерленд на Олд Трафорд, а Вест Хем гостува во Велс.

Последниот натпревар во понеделник ќе се одигра од 18:15, Хал ќе го пречека Манчестер Сити.

Во вторник ќе имате шанса да го гледате Ливерпул против Стоук, а 18-то коло ќе го затворат Саутемптон и Тотенхем во среда од 20:45.