Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Суровата реалност на денешниот фудбал на своја кожа најдобро го почувствува Клаудио Раниери.
Сосема е нормално за резултатите да ја одлучуваат судбината на тренерот, но на Раниери е последен на кој требаше да се даде отказ во Англија во оваа сезона.
Неговиот Лестер, за воља на вистината, не игра како порано, во долниот дел е од табелата, работите повеќе не се совршени, но Дон Кладуио не заслужи таков шамар.
А богатиот сопственик на Лестер ја испи чашата на најскапото можно вино и сите макотрпни денови на Раниери едноставно ги избриша со гума, а искусниот Раниери го прогласи за „недоволно стручен.
Ја освои Премиер лигата со Лестер? Е тоа не може некој кој не е доволно стручен.
Раниери ја покори Премиер лигата, од скромна екипа направи машинерија, го направи тоа што пред него многумина не успееја.
Впрочем, кои се Ријад Марез, Џејми Варди или Н`Голо Канте? Дали порано знаевте толку за нив?
Не, нормално. И не само дека Раниери на грд начин е избркан одма после што избори добри 2:1 на тешкото гостување кај Севиља во првиот дуел од осмина финалето на ЛШ, туку се почна за него да се зборува во лош контекст.
Што повеќе, наводно некои играчи се одлучија да му забијат нож во грбот. Меѓутоа се објави дека и Џејми Варди е на таа листа „на лоши типови што го мразат Раниери.
„Должам многу на Клаудио и не можам да пронајдам вистински зборови со цел да опишам. Тој засекогаш ќе ја има мојата почит. Тоа што заедно направивме просто е невозможно. Веруваше во мене кога повеќе никој не веруваше и вечно ќе му бидам благодарен. Се шпекулира дека бев вклучен во неговата смена и тоа се полно лаги, неосновани, тоа многу ме боли. На Клаудио му посакувам се најдобро без оглед на се. Благодарам Клаудио за се“, се огласи Варди.
Веројатно исто мислат и другите фудбалери на Лестер. Бајката е прекината, но Раниери заслужува сите да го почитуваме. Дури и повеќе никогаш да не направи ништо значајно во тренерската кариера.
Се разбира, би било тоа се поубаво ако некој тоа го речеше кога стана шампион. Но, ова сепак не е филм, ова е сурова реалност.