Претседателот на Спортинг: За 30 милиони можете да добиете копачки бев врвци“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лисабонските Лавови се познати како еден од клубовите кои одлично работат на трансфер пазарот веќе со години наназад.

Спортинг во оваа сезона потроши 35 милиони евра на засилувања, но затоа само на продажба на Слимани и Жоао Марио заработија 70.

Добро работат веќе со години, а во своите редови и понатака го имаат најголемиот бисер на својата школа.

Во прашање е португалскиот репрезентативец Вилијам Карваљо, кој е на листата на желби на голем број на европски клубови веќе неколку сезони, а неодамна се појави информација дека може да заврши во Манчестер Сити.

Сепак, и покрај желбата на голем број клубови да го доведат, Карваљо остана во португалската претстолнина, а сега по повод неговата судбина и наведената понуда на Граѓаните се огласи и претседателто на Спортинг Бруно Де Карваљо.

„Дали Карваљо вреди 30 милиони? За тие пари ќе ви испратам една копачка и тоа без врвци“, јасен е првиот човек на лисабонскиот гигант.

Значи, јасно е дека заинтересите клубови мораат да понудат далеку повеќе од 30 милиони евра доколку сакаат да го ангажираат одличниот португалски играч за врска, ќе видиме дали некој е спремен на такво нешто.