Проблеми за Манчестер Сити: Габриел Жесус сеуште не може да игра!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Габриел Жесус сеуште не е регистриран како играч на Манчестер Сити.

Комисијата која треба да издаде дозвола за настап на 19-годишниот напаѓач, преглед на дополнителните документи околу трансферот и тоа засега кочи за негова регистрација во Манчестер.

Сепак, раководството на Граѓаните верува дека се ќе биде наскоро готово и дека веќе за мечот од наредното коло од Премиер лигата Жесус ќе добие дозвола за настап и дека нема да има веќе никакви проблеми.

Младиот Бразилец уште на 3 јануари допатува во Манчестер.

Сепак, регистрацијата ја закочи извесен Фабио Каран, кој е сопственик  на првиот клуб во кој играше Жесус и кој бара процент од продажбата.

Поради тоа Фудбалската асоцијација на Англија забрани регистрација, и засега забрани издавање на документација,.

Наводно овој проблем го среди екипата на Палмеирас, која за 27 милиони фунти го продаде Жесус на Сити и тие ќе одат на суд со Каран, но тоа не треба да претставува проблем на Граѓаните во конечната регистрација.

Така наскоро можеме Жесус да го гледаме во дресот на тимот од Манчестер.