Проблеми за Јувентус пред куп натпреварот против Наполи


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Старата дама ќе биде домаќин на Наполи во првиот полуфинален натпревар во купот на Италија.

Фудбалерите на Јувентус и Наполи утре го играат првиот полуфинален натпревар во купот на Италија, а домашните од Торино ќе бидат ослабени.

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри денес потврди дека нема да може да смета на Маркизио, Бенатија и Стураро.

Маркизио на последниот натпревар доби незгоден удар, па Алегри не сака ништо да ризикува, а Бенатија е недоволно опоравен.

Гонзало Игуаин е во составот што значи дека ќе има шанса да игра против поранешните соиграчи.

Натпреварот е закажан за утре во 20:45.