Пропаднаа преговорите на Барселона: Сандро Росел го спаси „Камп ноу“!?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Управата на Барселона минатата сезона најави можност дека би можела да го продаде името на „Камп ноу“, односно на тој начин да заработи повеќе пари.

Многу навивачи беа против оваа идеја бидејќи тоа значи „продажба на идентитетот“, а очигледно и идеите да се стави името на генералниот спонзор на дресови отиде во историја.

Шпанските медиуми пишуваат дека медиумската куќа „Медијапро“ подготвила понуда од 300 милиони евра за да се смени името на стадионот на Барселона за наредните 20 години.

Претседателот на клубот, Жозеп Марија Бартомеу, долго размислуваше за оваа понуда, па се сети да даде услов до медиумската куќа да ја повлече тужбата за Сандро Росел, но „Медијапро“ го одби барањето и поради тоа пропаднаа преговорите.