Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фелипе Кутињо и натаму е главна тема. Имено, сега како пророштво една година подоцна звучат зборовите со кои Јирген Клоп го испрати од Ливерпул.
Немаше негативни емоции, Клоп тогаш истакна дека одлучил да го пушти Кутињо да ги оствари своите соништа бидејќи нема причина да задржува играч кој сака да замине.
Тој тогаш порача дека тоа е крај на продажбата на водечките играчи и од тогаш Мане, Фирмино и Салах ги продолжија договорите.
И додека Ливерпул сонува за титула, Кутињо го загуби местото во екипата на Барселона, се зборува дека мора да го отстапи местото за Нејмар, а ако дојдат Де Јонг и Рабио би можело да стане тесно на средината на теренот.
Поради тоа, зборовите на Клоп на испраќањето, поточно кога последен пат се обиде да го убеди Бразилецот да остане звучеа како пророштво.
„Во Реал, Барселона, Баерн ќе бидеш само еден од играчите. Овде можеш да бидеш нешто повеќе“, го предупреди Клоп, Кутињо.