Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Изгледа дека Кејлор Навас е подготвен да замине од Реал во зимскиот преоден рок откако на Инстаграм објави фотографија која изгледа како простување од Мадрид.
Костариканецот објави фотографија на која се поздравува со навивачите со опис: „Благодарам за се“. Освен оваа порака, постои и понуда за 32-годишниот голман. Според наводите на Спорт, Арсенал нуди 15,5 милиони евра за Навас, а него го посакува и Рома.
Навас пристигна во Реал Мадрид 2014. година по фантастичниот настап на СП во Бразил со Костарика. Од 2015. до 2018. беше прв голан на Реал во освојувањето на трите во низа трофеи во Лигата на шампионите. Иако поголемиот дел од времето откако пристигна во Реал бранеше одлично, Флорентино Перез, претседателот на клубот, се обидуваше да го замени уште од 2015. година.
Давид Де Геа требаше да стигне на „Сантијаго Беранебеу“ на неколкупати , но тоа не се случи. Конечно успеа изминатото лето кога од Челси беше доведен Тибо Куртоа. Оваа сезона Навас собра само осум настапи во сите натпреварувања.