ПСЖ ги израдува навивачите: Ди Марија потпиша нов договор


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иако во медиумите во последно време често се шпекулираше дека Ди Мариа веќе во јануари би можел да го напушти ПСЖ, денес пристигна најдобар можен демант за ова.

Имено, францускиот првак на својата официјална страница објави дека Аргентинецот потпишал нов договор со овој клуб.

Ди Марија е задоволен со минутажата која ја има во последно време и одлучи да остане во Париз. Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед со ПСЖ потпиша соработка со клубот до летото 2021. година.

Аргентинецот дојде во ПСЖ во летото 2015. година, а во дресот на клубот од Париз има одиграно 98 натпревари и постигнато 30 голови.