ПСЖ направи листа на звучни имиња кои можат да заминат!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Унаи Емери останува, но има играчи кои ќе заминат.

Кричковјак кој Емери си го доведе со себе од Севиља ќе си оди, а во тимот нема место ни за Бен Арфа кој пристигна како слободен играч.

Матуиди заврши на клупа, ПСЖ одби понуда од 30 милиони од Јувентус минатото лето па сега се прашуваат дали Јувентус сеуште го сака овој играч.

Лукас Моура најверојатно ќе замине бидејќи Емери сака следната сезона повеќе да го игра Гуедеш.

Некои играчи не се на продажба, како Верати за кој ПСЖ нема намера ниту да слуша понуди, како и Кавани кој пред себе има понуда со цело богатство од Кина.

Маркињос ќе биде стуб во одбраната, не оди ниту Ди Марија.

Прва мета е Санчез за кого ПСЖ подготвува договор со иста плата која некогаш ја даваа на Ибрахимовиќ.

Нема да има големи промени, а од управата сакат повеќе млади играчи да се форсираат следната сезона.