ПСЖ повторно го провоцира тимот на Барселона на Твитер


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


ПСЖ вчера преку друштвените мрежи објави дека младиот играч од оваа екипа Стенли Нсоки ја продолжи соработката со првакот на Франција.

Нсоки ја помина младинската категорија на овој клуб, а за прв пат парижанецот дебитираше минатата сезона во која запиша три настапи. Овој 19 годишен дефанзивец вчера официјално потпиша нов договор со ПСЖ до летото 2021 година.

Сепак, она што привлече внимание е дека ПСЖ уште еднаш искористи прилика да ја провоцира Барселона.

Со фотографија од Нсоки ја искористија легендарната реченица на Жерард Пике ,,Se queda” која играч на Барселона ја објави за Нејмар додека сеуште се шпекулираше дека тој ќе премине во ПСЖ.

Нејмар на крај не остана во Барселона како што беше напишано на Твитер, а ПСЖ често ја користи приликата да се потсети на ситуацијата.

Тоа го направија и овој пат со објава дека младиот Нсоки ја продолжува верноста на Парижаните.