ПСЖ со најмоќниот тим ќе ја нападне Црвена Звезда


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


ПСЖ вечерва на „Паркот на Принцовите“ ќе ја пречека Црвена Звезда во натпреварот од второто коло во групата Ц.

Поради поразот од Ливерпул во првото коло, ПСЖ вечерва нема право на кикс, но има среќа што игра против најслабиот тим.

Тренерот на Парижаните, Томас Тухел, наводно го избрал тимот за дуелот со српската екипа, а тој изгледа вака:

Ареола – Бернат, Кимпембе, Тиаго Силва, Мунир – Рабио, Верати, Ди Марија, Нејмар, Мбапе – Кавани

Да потсетиме, дуелот помеѓу ПСЖ и Црвена Звезда во второто коло од Лигата на шампиони се игра од 18.55 часот.