Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалерите на Челси денес запишаа победа против Манчестер Сити на Итихад од 1:3.
Челси во дербито на колото полесно од очекувањето славеше во кој имаше многу возбудување. Во финишот на натпреварот фудбалерите на Сити завршија со девет фудбалери бидејќи директни црвени картони добија Агуеро и Фернандињо.
Сепак, после натпреварот англиските медиуми се насочија кон Пеп Гвардиола. Шпанскиот тренер покажа дека тешко ги прифаќа поразите. Фудбалерот на Челси, Сеск Фабрегас отиде да се поздрави со Гвардиола, но Пеп го игнорира и помина само покрај него.
Овој потег на Гвардиола е изненадувачки бидејќи тој беше најзаслужен што во 2011-та година Фабрегас се врати во Барселона. Очигледно е дека пукнала љубовта помеѓу двајцата шпанци.