Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипите на Еурофарм Работник и Охрид ги поделија бодовите во дерби натпреварот што денес се играше во салата „Младост“ во Битола. Натпреварот заврши со резултат 21:21.
И двата клуба си имаа играа добро по едно полувреме, гостите од Охрид во првото, додека домаќините во вториот дел.
Охриѓани го добија првиот дел со 14:10 и може да жалат што дома не го однесоа целиот плен затоа што во финишот од средбата имаа позитива од два гола, но истата на крајот беше анулирана и Еурофарм успеа да ја спаси честа на домашен терен.
Ова беше прв натпревар во Супер лигата за Еурофарм Работник, додека за Охрид е втор по победата над Вардар Јуниор во првиот дел.
Гоце Ојлески со осум погодоци беше предводник на Работник, додека во Охрид се истакнаа Блажески со седум и Крсте Андоновски и Кљајиќ со по четири прецизни удари.