Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Работнички ја оствари втората победа на подготовките во Анталија победувајќи го Терек Грозни со 2:0.
Уште на самиот старт од натпреварот, Филип Ивановски успеа да и побегне на одбраната на рускиот тим и го доведе Работнички во водство.
Во 82-ра минута, Работнички поведе со 2-0. Бенјамин Демир искористи една грешка на противничката одбрана, го проигра Андреј Кудијан кој излезе сам пред противничкиот голман и го совлада.
Следниот пријателски натпревар на Работнички е во четврток против унгарски МТК.