Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Канадскиот тенисер и минатогодишен финалист на Вимблдон, Милош Раониќ со 3:0 по сетови славеше над шпанскиот претставник, Алберт Рамос Вињолас.
Шестиот носител на турнирот за два часа и 20 минути игра го совлада Шпанецот со 7:6, 6:4, 7:5 по сетови. Иако мечот го доби со убедливи 3:0 воопшто не му беше лесно на Раониќ против Вињолас.
Во четвртото коло Раониќ ќе се сретне со подобриот од дуелот помеѓу Себастијан Офнера и Александар Зверев.
Десеттиот носител Жо Вилфред Цонга е елиминиран во третото коло од Квери со 3:2 по сетови (2:6, 6:3, 5:7, 6:1, 5:7), додека пак елиминација доживеа и Гаел Монфилс кој беше поразен од неговиот сонародник Манарино.