АРИНА Сабаленка, по поразот во финалето на УС Опен, пристигна на Сан Сиро. Белоруската тенисерка беше снимана на трибините на стадионот во Милано каде го следеше натпреварот на домашниот тим против Лече.
Во финалето на последниот Гренд слем турнир на сезоната, беше совладана од Елена Рибакина со 2:1 во сетови, а Казахстанката со таа победа го презеде првото место на ВТА листата. Изгледа дека Сабаленка брзо го оставила поразот зад себе, бидејќи во Милано беше видно расположена.
Најскапиот накит кој го носеше Сабаленка на големите турнири беше проценет на повеќе од 100.000 евра. Еден од сетовите на Material Good кој го носеше на УС Опен содржеше повеќе од 127 карати скапоцени камења, а неговата вредност беше проценета на околу 130.000 евра.
.Aryna Sabalenka на Сан Сиро pic.twitter.com/Hx2NDtiCXI— Milan Eye (@MilanEye) 20 септември, 2026















