Рајан Гигс пронајде нова работа


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


По улогата на асистент во Манчестер Јунајтед, па и краткиот ангажман кај „Ѓаволите“ како прв тренер се чинеше дека Рајан Гигс набрзо ќе го видиме на тренерското столче во некоја од екипите кои се натпреваруваат во Премиер Лигата или Чемпионшип.

За волја на вистината, Гигс сам се понуди да ги води Евертон и Лестер но не беше контактиран од управите на овие клубови, а претходно беше на разговори и со челните лица на Свонси, но тогаш Боб Бредли беше назначен за тренер на „Лебедите.

Дали разочаран од таквиот расплет или задоволен од понудата која ја доби, Гигс одлучи од 20 ноември да се пресели во Виетнам каде ќе биде директор на ПМФ Академијата (Промотивен фонд на виетнамските фудбалски таленти). Неговата улога ќе биде да ги тренира децата, но и да држи семинари на тренерите за да помогне за развојот на виетнамскиот фудбал.

Рајан Гигс потпиша двегодишен договор со ПМФ Академијата, а неговите стапки може да ги следи и Пол Сколс кој набрзо може да му се приклучи во Виетнам.