Рајан Мејсон е во стабилна состојба по страшниот дуел со Гери Кејхил!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Хал Сити потврдија дека Рајан Мејсон имал операција по скршеницата на неговиот череп по дуелот со Гери Кејхил во првото полувреме од натпреварот во кој победи Челси со 2:0.

Играчот беше однесен во „Сент Мери“ болницата по инцидентот, а сега е потврдено дека е во стабилна состојба додека дополнителни информации се очекуваат во понеделник.

„Клубот може да потврди дека Рајан доби скршеница на черепот во натпреварот против Челси ова попладне.“

„Тој беше однесен во болница каде што имаше операција.“

„Рајан е во стабилна состојба и се очекува да остане во болницата во наредните неколку денови.“

„Сите во клубот сакаат да искажат благодарност до брзата реакција на оделот за итни случаи и неврологијата во Сент Мери болницата.“

„Дополнителни информации ќе се дознаат утре.“

Тренерот на Хал, Марко Силва не бил свесен за сериозноста на повредата на Мејсон, која донесе до продолжение од 9 минути во првиот дел.

„Мислам дека тој ќе остане во болница. Се надевам дека не е ништо сериозно, но ќе видиме“, 

„Не знам дали е буден. Докторот ми рече дека тој е во болница и чекаме вести., беа првите изјави на тренерот.