Реал Мадрид е блиску до доведување на новиот Ибрахимовиќ


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид е многу блиску до доведување на Александер Исак или новиот Златан Ибрахимовиќ како го нарекуваат светските медиуми.

Исак има само 17 години, а веќе бројни европски гиганти се распрашуваат за него. Изгледа дека сепак Реал Мадрид беше најконкретен и успеа да го убеди да потпише за нивниот клуб.

Да потсетиме дека Реал има забрана за доведување на фудбалери од страна на ФИФА, но тој проблем може да биде заобиколен бидејќи овој фудбалер на АИК нема да го регистрираат во првиот тим туку ќе го испратат во Реал Мадрид Кастиља.

Овој 17-годишен напаѓач дебитираше за АИК во февруари во оваа година, а досега веќе постигна десет погодоци.

За неговите услуги интересираат и екипите на ПСЖ, Баерн, Челси и Вест Хем, а Марка пренесува дека АИК веќе одби една понуда од Реал и тоа од 10,7 милиони евра.