Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Винченцо Монтела ги отфрли шпекулациите дека на крајот на сезоната може да седне на кормилото на Рома.
Овој 42-годишен италијански стручнак во минатите денови се доведуваше во врска со преземање на Рома, после што стана извесно дека Волчицата ќе ја напушти Лучиано Спалети, меѓутоа тој таквите шпекулации категорично ги одби.
Изјави дека е среќен што го води Милан и јасно даде до знаење дека планира иднина на Сан Сан Сиро.
„Слушав шпекулации, но јас имам хармоничен однос во Милан. Чувстувам почит од клубот кој се јасно ми стави до знаење и во јавноста. Среќен сум што го водам Милан, а шпекулации не ме интересираат. Милан мора да победувам поради тоа сум овде“, рече Монтела.
Монтела, на пред три кола пред крајот, со Милан се наоѓа на шестата позиција која води во квалификациите за Европската лига.