Роналдо единствен сигурен во нападот на Јуве, големи ѕвезди се под знак прашање поради промена на формацијата?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бјанконерите новата сезона ја започнаа со тешка победа над Киево со резултат од 3:2, а сега на свој терен го дочекуваат опасниот Лацио.

Според пишувањата на италијанските медиуми само Роналдо е сигурен стартер во нападот на Јувентус, кој веројатно ќе ја напушти својата стандардна формација 4-2-3-1 и во средбата со Лацио ќе оди со формација 4-3-3.

Тоа значи дека играчи како Канцело, Квадрадо, Дибала и Даглас Коста можат да останат во стартните 11. Со ова би се отворил простор за Барзаљи, Матуиди и Манџукиќ.

Друга опција е префрлување на Далгас Коста на десната страна, па така Бразилецот би станал дел од напаѓачкото трио заедно со Манџукиќ и Роналдо.

Од друга страна, Лацио беше поразен во првото коло од Наполи и иако на тој меч се повреди Луис Фелипе, денес може да смета на Сенад Лулиќ и  и Лукас Леива кои се враќаат после суспензијата.

Дуелот започнува денес од 18.00 часот.