Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Возачот на Јамаха во Мото ГП шампионатот, легендарниот Валентино Роси, го тестираше новиот мотор за наредната сезона, но не е задоволен со резултатите кои ги постигна.
На последното натпреварување во Арагон, Роси беше 18. во квалификациите, а трката ја заврши како осми. Јамаха по добриот почеток на сезоната оствари слаби резултати, па ја продолжи серијата без победата во кралската класа, која сега изнесува 23 трки.
Роси се подготвува за наредната сезона, но не е задоволен со досега постигнатото.
„Ја пробав првата верзија на моторот за наредната сезона. Се надевам дека тоа не е конечна верзија, бидејќи е многу слична и не сум задоволен. Мора да го направиме подобар“, кажа „Докторот“.
Во генералниот пласман на возачи во Мото ГП шампионатот води Марк Маркез, втор е Андреа Довициозо, а трет е Роси.