„Сакам да бидам најдобар на светот“

Играчот за врска на Лајпциг Наби Кеита во клубот дојде од австриски Салзбург, со оштета од 15 милиони евра.

Во досегашниот тек од сезоната постигна четири гола и запиша пет асистенции, па веќе дава амбициозни изјави.

„Сакам да станам најдобар фудбалер на светот. Тоа е моја цел, тоа ме движи. Но знам дека патот до тоа е многу долг. Сеуште сум млад и треба уште доста да се развиваат. Мојата цел е само да бидам се подобар“, рече 21-годишниот во интервју за германски Спорт Билд.

За да успее во тоа, младиот Гвинеец се ориентира на своите идоли, како и на советите од својот тренер Ралф Хазенхитл.

„Нормално е дека сакам да продолжам да се развивам. Самуел Ето и Дидие Дрогба константно правеа чекор напред. Секогаш го прашувам тренерот што може да подобар кај себе. Тој обично ми го пушта претходниот натпревар и тука секогаш најдувам нешто што не беше добро“, рече репрезентативецот на Гвинеја Кеита и додаде дека за мечевите се спрема така што гледа клипови од својот идол Андрес Иниеста.