Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Антонио Кандрева запиша седум настапи во Серија А оваа сезона, трипати од тие влегуваше од клупата.
Во Лигата на шампионите има четири настапи, но исто така три од клупата.
Јасно е дека Спалети не смета повеќе сериозно на него, летово се поврзуваше со преминување во Монако, во замена за Кеита, на крајот остана во Милан, па Сенегалецот е донесен на позајмица со право на откуп.
Сепак, ништо не се промени, Кандрева судејќи по се е слободен да замине, а за неговите услуги сега е заинтересиран Торино.
„Биковите“ со задоволство би го виделе искусниот Италијанец во своите редови, но ќе го ангажираат само под услов да останат без Беренгер.
Шпанецот е на радарот на Бетис и Атлетик Билбао, а Торино следното лето би бил подготвен да го продаде и како замена да го донесе Кандрева, кој е во Интер од 2016. година, кога пристигна од Лацио.