„Санабрија не е полош од Пиатек, и тоа како може да ни помогне“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Пиатек беше сензација во првиот дел од сезоната во Серија А, а Џенова во јануари го продаде на Милан.

Но тие осигураа и замена за Полјакот во врвот на нападот, па од Бетис стигна одличниот Парагвајец Антонио Санабриа.

Некогашниот фудбалер на Рома веќе постигна два голови од своето враќање во Серија А, а младиот голман на Џенова Андреи Раду смета дека Парагвајецот не е ништо полош од Пиатек.

„Тој е одличен играч, поседува одлична техника. Според мене, тој може многу да ни помогне. Сега мораме да се прилагодиме, бидејќи Пиатек беше многу добар, но сега го имаме Санабрија, кој не е ништо полош од него“, изјави Раду.

Исто така, Санабрија изјави откако пристигна во Џенова дека се чуствува одлично во новиот клуб и дека брзо се вклопил во екипата.

„Среќен сум што сум во Џенова. Новите соиграчи се погрижија да се чуствувам како дел од тимот.  И тренерот Прандели многу ми помогна“, изјави тогаш Санабрија.