Санчез го зададе последниот удар на Арсенал

Алексис Санчез уште нема донесено одлука за својата иднина.

Чиленаецот наводно има на маса понуда од Арсенал за продложување на договорот, но катастрофалната форма на Арсенал и незадоволството на навивачите го бркаат од клубот по завршувањето на сезоната.

Бројот на клубови кои го сакаат Санчез е се поголем, а ако му веруваме на островските медиуми во борбата се вклучи Манчестер Сити. Санчез имаше шанса да соработува со Гвардиола и не би имал ништо против да стигне на Итихад.

Договорот на Санчез му важи до крајот на сезоната, но јасно е дека неговата оштета не би му претставувала проблем на граѓаните.