„Секако дека мојот тим го гледам како кандидат за титулата“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


После два пораза од Стоук и Ливерпул и една победа над Лестер, Арсенал на не многу добар начин ја започна оваа сезона.

Во четвртото коло, Арсенал го пречекува Бурнмут на Емирати, а навивачите се надеваат на сигурна победа, на истото се надева и тренерот Арсен Венгер.

Венгер на новинарите им откри што тој очекува од својот тим оваа сезона.

„Секако дека Арсенал го сметам како кандидат за тронот. Зарем вреди да се откажеме после 3 одиграни лигашки натпревари“

„Беше болен поразот од Ливерпул, но и другите екипи кои што целат кон титулата не се ништо подобри од нас“ – изјави Венгер.