„Секогаш сакав да возам фабрички мотор“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На претставувањето на новиот мотор на КТМ, Бредли Смит изјави дека животниот сон му е да вози фабрички мотор.

„Тоа е нешто што секој возач сака, фабрички мотор е нешто за што работите цела кариера. Одлично е тоа што ќе возам со Пол кој е одличен возач.“

Смит не е загрижен што беше дури 21 и 19-ти на тестовите во Сепанг и Австралија пред сезоната.

„Само што започнавме, 2017-та почна и ќе видиме што ќе ни донесе. Сакам максимално да ја искористам оваа шанса, не чувствувам никаков притисок. Сакам да работам и да напредувам од тест во тест.“