Селекторот на Бразил откри дали Нејмар ќе игра против Хрватска


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Селекторот на Бразил, Тите, најави дека најдобриот фудбалер на Бразилците, Нејмар ќе игра против Хрватска.

До последен момент не беше познато дали ѕвездата на ПСЖ ќе настапи против Хрватите, но Тите ги тргна дилемите, откако кажа дека Нејмар е подготвен за 45 минути игра.

„Нејмар нема да игра од првата минута, но ќе добие шанса во продолжението“, кажа Тите.

Нејмар денеска тренираше со соиграчите, но беше јасно дека вежбите не ги прави со максимален интензитет.