Сергеј вчера пристигна во Торино, „Јувентините“ буквално полудеа


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Доволна беше само сликата што ја постави Сергеј Милинковиќ Савиќ, откако отиде во Торино, да го бодри својот брат Вања против Јувентус во градското дерби, кое Торино го загуби со 2:0.

Савиќ пред натпреварот постави фотографија на својот Инстаграм профил и предизвика бура од коментари и реакции.

Јувентините буквално полудеа, а јасно е дека овој играч е голема жебла на Јуве во летниот преоден рок.

„Дојди кај нас“, се ределе коментари, додека пак навивач на Лацио напишал. „150 милиони и ваш е“.

Таа сума сигурно нема да биде, но дефинитивно Јувентус ќе мора да ги собори сите италијански рекорди доколку има намера да го купи овој играч.

Spontanejsn sa mojom ?‍♀️❤️

A post shared by Sergej Milinkovic Savic (@sergej___21) on