Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Американската тенисерка Серена Вилијамс е најплатена спортистка во светот, така објави „Форбс“, а меѓу првите десет најплатени спортистки се дури осум тенисерки.
Вилијамс, поранешната најдобра тенисерка, која лани стана мајка, голем дел од парите заработила надвор од теренот.
Серена има договор со Најк, Интер, Морган Чејс, Линколн, Гатораде и Битс. Само 16 спортисти на светот во претходните 12 месеци заработиле повеќе надвор од спортските терени.
Вилијамс само од спортски награди има заработено 86 милиони долари. Зад неа е Каролина Возњацки со 13 милиони, трета е Слоан Стивенс со 11,2 милиони, а следуваат Мугуруза со 11, Шарапова со 10,5 и Венус Вилијамс со 10,2.