Серхио Рамос со емотивна порака му посака среќа на Роналдо во Јувентус (Фото)

По трансферот на Роналдо во Јувентус прв кој се јави со коментар беше капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос.

Не е тајна дека Шпанецот најдобро се согласуваше со Роналдо во изминатите девет години поминати заедно на „Сантијаго Бернабеу“.

„Кристијано, твоите голови, твоите бројки и се што освоивме заедно зборуваат самите. Заработи специјално место во историјата на Реал Мадрид. Сите Мадридисти ќе те паметат засекогаш. Исто како Мадридистите и ние ќе те паметиме засекогаш. Беше голема чест да се игра покрај тебе, бичо. Голема прегратка и многу среќа“ –напиша Рамос на социјалните мрежи.