Се договори со Евертон заврши кај Чоло Симеоне


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во моментите кога се обидуваше да го задржи тандемот Баркли-Лукаку, Роналд Куман немаше среќа.

Сандро се договори со Евертон, неговата клаузула е 7 милиони евра, а поранешниот фудбалер на Барселона одигра фантастична сезона во Малага.

Сепак, сега кога стигна повик од Атлетико, шпанецот се предомисли, ќе остане во Ла Лига и ќе го облече дресот на јорганџиите.

Тоа е удар за Роналд Куман кој Сандро го виде како сигурно засилување.

Тој се обидува Лукаку и Баркли кои изразија желба за заминување да ги продаде за 150 милиони фунти, а да ги доведе Чемберлејн и Волкот од Арсенал и Класен од Ајакс.

Куман верува дека со високата цена ќе се откажат заинтересираните клубови за Лукаку, а што се однесува до Баркли, него ќе го продаде, но тешко дека ќе најде замена.