Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Де Јонг верува дека неговиот тим може да го елиминира Јувентус, откако беше познат исходот од ждрепката за четвртфиналната фаза во Лигата на шампионите.
Ждрепката ги спои овие европски великани, а интересен коментар на тоа даде играчот за врска на холандскиот великан, Френки Де Јонг.
Нему ќе му биде задоволство да игра против Јувентус и особено е среќен што ќе се соочи со Кристијано Роналдо.
„Јувентус е еден од најтешките ривали. Го гледав нивниот меч и победата над Атлетико до 3:0. Играа навистина одлично. Јувентус ќе биде фаворит, но тоа беше и Реал. Имаме шанси за премин во следната фаза“, истакна Де Јонг, па потоа го спомена и Кристијано Роналдо.
„Кога имав 10 или 12 години, Роналдо веќе беше еден од најдобрите играчи на светот. Ќе биде убаво што ќе имам шанса да играм против него“, истакна Де Јонг.
Френки во следната сезона нема да го носи дресот на великанот од Амстердам бидејќи веќе претходно го договори својот трансфер во Барселона.