Се јави Саутгејт, се слушнал, се ќе пријави! Што им се најавува на Црногорците?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Не само англиските медиуми, за расистичките навреди во Подгорица, после мечот зборуваше и селекторот на Англиската репрезентација, Герет Саутгејт.

Англиската репрезентација синоќа во Подгорица ја декласираше селекцијата на Црна Гора со 5:1, но во победничката екипа, чувствата, очигледо се помешани после овој натпревар.

Причина за тоа се расистичките навреди кои биле упатени кон Дени Роуз.
Видовме што пишуваа англиските медиуми, па потоа се огласи и селекторот на англиската репрезентација, Гарет Саутгејт. Тој ги потврди нивните приказни.

„Да, дефинитивно слушнав навреди од трибините кога Дани Роуз доби жолт картон во завршетокот на мечот. Нема сомнеж дека тоа се случи. Тоа не е прифатливо. Ние ќе се потрудиме тоа да биде пријавено, мораме да ги заштитиме нашите играчи“, изјави Саутгејт.

Новинарите го прашаа дали и Стерлинг бил навредуван, но Саутгејт на тоа не можеше да одговори.