„Сигурен сум дека ќе бидеме меѓу четирите најдобри екипи“

Екипата на Манчестер Јунајтед игра се подобро во последно време.

После многу слабиот почеток на сезоната Црвените ѓаволи нанижаа неколку добри резултати и се дури на 16 мечеви без пораз во Премиер лигата.

Сепак, доста мечеви завршија со нерешен резултат па сега имаат бод помалку од Ливерпул кој се наоѓа на 4 позиција, односно на позиција која во наредната сезона носи квалификации за Лигата на шампионите.

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед Дали Блинд смета дека тој и неговите соиграчи на крајот на сезоната сепак ќе изборат пласман во најелитното клупско натпреварување во Европа.

„Ќе биде тешко, но мораме да останеме фокусиране и да победуваме во нашите натпревари и сигурен сум дека ќе завршиме меѓу четирите најдобри екипи на крајот на сезоната“, рече Блинд.

Да потсетиме дека Холанѓанецот во оваа сезона одигра 17 мечеви во Премиер лигата и постигна еден гол со две асистенции.