ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Како што дознава „Скај Спортс“ од Манчестер Сити се уште посакуваат да го донесат Алексис Санчез од редовите на Арсенал.
Сепак, во клубот се уште се водат разговори дали да го донесат Чилеанецот уште во јануари или да го договорат на стартот на новата година, а официјално Алексис да пристигне во тимот на лето.
Ваквите дискусии се водат бидејќи дел од лицата во Манчестер Сити се плашеле дека трансферот на Санчез во јануари би ја разнишал балансираноста на клубот кој во моментов има 11 поени предност пред Манчестер Јунајтед во битката за титулата во Премиер Лигата.
Наводно и Алексис сакал да ја обнови соработката со Пеп Гвардиола кој му беше тренер во Барселона.