Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Манчестер Сити вчера ја продолжи доминацијата на Островот. Имено, Сити после пенали успеа да го совлада Челси и го освои Лига купот.
Публиката можеше да види занимлив меч, но без многу возбудувања. На крајот, вистинска лудница настана откако голманот на Челси, Кепа одби да излезе од игра во очи изведувањето на пеналите.
Голманот на Челси одлично бранеше во мечот, но тренерот Сари одлучи да го внесе стручњакот за пенали Кабалеро. Сепак се случи несекојдневна ситуација, па шпанскиот голман одби да излезе од игра, а Сари побесна.
Во Сити можеа да слават после победата, но Гвардиола нема причина за славење. Се чини дека овој трофеј го плати прескапо, со обзир на тоа дека Лапорте ја напушти играта во 46. минута, а во 91. минута истото му се случи и на Фернандињо.
Медиумите во Англија шпекулираат дека се работи за повреда на мускулите и дека овој двоец ќе паузира наредните неколку недели.
Веќе за три дена Сити на својот Етихад го дочекува Вест Хем.