„Си заминав од Јунајтед да докажам на сите дека вредам“


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


По доаѓањето на Жозе Мурињо, Манчестер Јунајтед е во нова ера, а авантурата во Јунатед заврши за неколку фудбалери.

На еден од нив на кој е покажана излезната врата е токму Аднан Јанузај, кој замина на позајмица во Сандерленд.

Младиот Белгијанец со потекло од Косово порача дека го погодиле јавните критики од навивачите на Јунајтед кои мислеле дека тој глуми, тој сега сака да ги увери во спротивното.

“Ја сум човек кој никогаш не се откажува. Не ми тргна баш најдобро, но нема да се предадам. Полн сум со самодоверба и Јунајтед го напуштив да докажам на сите дека вредам”, изјави Јанузај.

Младиот играч на Јунајтед веќе беше на позајмица во Борусија Дортмунд, но таму не се наигра многу. Може ли во Сандерленд да ја најде својата среќа?