Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед со новиот менаџер Жозе Мурињо го претрпе првиот пораз во оваа сезона и тоа од образениот ривал Сити, а легендата на Црвените ѓаволи Пол Сколс изнезе низа на критики на сметка на формацијата на Португалецот.
„Блинд е подобар како дефанзивен играч за врска отколку како стопер. Зошто? Затоа што е физички лимитран за Премиер лигата. Луѓето премногу очекуваат од него како стопер. Претпоставувам дека и јас бев меѓу тие луѓе. Но против Сити на патот го имаше динамичкиот Кевин Де Брујн против кого не можеше да се спротивстави.
Долгорочно гледано, повеќе сакам да го видам Крис Смолинг во стоперски тандем со Бејли отколку Блинд“, го анализираше Сколс Дејли Блинд, а тогаш премина и на Антонио Валенсија.
„Што се однесува до Валенсија, тој никогаш нема десен бек да стане. Без оглед во каква е моментална форма. Но Матео Дармиан сеуште не го почувствува здивот на првиот тим во оваа сезона, а прашање е дали Тимото Фосу Менса е спремен за таа улога. Затоа е ситуацијата тешка што се однесува до десен бек“.
Најтрофејниот клуб во Премиер лигата моментално го завзема четвртото место со три бода помалку од лидерот Манчестер Сити.